Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ од Берово го освои второто место меѓу 80 училишта во државата во рамки на деветмесечните обуки за примена на вештачката интелигенција, реализирани од Brainster Next College.
Успехот на училиштето е дополнет со признанијата за четворица професори, кои се најдоа меѓу 100-те најуспешни наставници во државата во рамки на програмата, при што Васка Пандова се пласираше меѓу првите десет наставници.
Меѓу најуспешните наставници се и Ангел Матеничарски, Ивана Димовска и Љубинка Павловска, кои учествуваа во обуките насочени кон унапредување на дигиталните компетенции и примената на вештачката интелигенција во образовниот процес.
Од училиштето истакнуваат дека постигнатите резултати претставуваат потврда за вложувањето во знаењето, иновациите и современите образовни практики, со цел подготовка на учениците за предизвиците на иднината.
Училиштето упати благодарност до Министерството за образование и наука, министерката проф. д-р Весна Јаневска и Brainster Next College за поддршката и можноста за професионален развој на наставниот кадар.
Со освоеното второ место и признанијата за своите професори, ОСУ „Ацо Русковски“ го истакнува значењето на континуираната едукација на наставниците и примената на новите технологии во современото образование.


Leave a Reply