По повод 16 Октомври – Светскиот ден на храната, во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица беше организиран базар на здрава храна, на кој учениците преку креативни активности ја истакнаа важноста на здравата исхрана и грижата за сопственото здравје.
Базарот беше исполнет со разновидни здрави производи, креативни идеи и детски насмевки, а активноста имаше за цел да ја подигне свеста кај најмладите за значењето на правилната исхрана и развивањето здрави навики од најрана возраст.
Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, упати честитки до учениците, наставниците и родителите за вложениот труд и успешната организација на настанот.
„Здравите навики се градат од најрана возраст, а токму нашите најмлади ни покажуваат колку е важно да се грижиме за сопственото здравје. Ваквите активности имаат особено значење бидејќи, покрај стекнувањето здрави навики, кај децата ги поттикнуваат креативноста, заедништвото и чувството за одговорност“, истакна Стаменкова.
Таа нагласи дека здравјето, образованието и правилниот развој на децата се заедничка одговорност, посакувајќи им на најмладите здраво и среќно детство и сигурна иднина во Македонска Каменица.

Leave a Reply