Филмска вечер „Света Петка – Крст во пустината“ во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 20 октомври 2026 (Делчево365) – Во пресрет на празникот посветен на светата преподобна маченичка Параскева – Света Петка, во понеделник, 26 октомври, во Домот на културата во Македонска Каменица ќе биде прикажан филмот „Света Петка – Крст во пустината“.

Филмската проекција е најавена со почеток во 18:00 часот, а влезот за посетителите е бесплатен.

Настанот се организира со благослов на епископот Делчевско-каменички г. Марко, а филмот ја обработува животната приказна и духовниот пат на Света Петка, со акцент на верата, трпението, жртвата и духовната истрајност.

Од организаторите упатуваат покана до граѓаните од Македонска Каменица и околината да ја проследат филмската проекција во Домот на културата.

Филмската вечер ќе се одржи на 26 октомври 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а влезот е слободен.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*