Марјан Пачарски, Христијан Чукарски и Драган Буровски ја обезбедија победата за беровскиот тим
ОФК Малеш од Берово забележа нова победа, откако на натпреварот против екипата на ФК Дојранско Езеро славеше со 3:2, во возбудлив и неизвесен дуел.
Головите за беровскиот тим ги постигнаа Марјан Пачарски, Христијан Чукарски и Драган Буровски, со што му донесоа нов успех на својот клуб.
Од ОФК Малеш упатија честитки до фудбалерите за прикажаната борбеност, пожртвуваност и тимски дух, потенцирајќи дека продолжуваат со заедничка работа и заложба за нови успеси.
Воедно, клубот изрази голема благодарност до компаниите „Зегин“, „Треновски ДООЕЛ“ и ресторанот „Ловен Дом“ од Берово за нивната поддршка и придонес во работата и развојот на клубот.
Од ОФК Малеш посочуваат дека поддршката од општествено одговорните компании претставува дополнителна мотивација за продолжување на активностите и развојот на фудбалот во Берово.


Leave a Reply