Врнежливото време предизвика одрони на патот Делчево – Македонска Каменица, надлежните екипи се на терен

Обилните врнежи од дожд што го зафатија Делчевскиот Регион денеска предизвикаа појава на одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Возачите да бидат особено внимателни поради наносите од земја и камења на коловозот.

Врнежливото време што денеска го зафати Делчевско создава проблеми и во одвивањето на сообраќајот. На патниот правец Делчево – Македонска Каменица се забележани одрони на повеќе места, за што сведочат и фотографиите од теренот.

Според информациите со кои располагаме, надлежните екипи се веќе на терен и преземаат активности за справување со настанатата состојба.

Во Делчево денеска преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а дневната температура се движи до околу 9 степени Целзиусови. Според метеоролошките најави, врнежите ќе продолжат и во текот на денот.

Од АМСМ предупредуваат на внимателно возење по влажните коловози и зголемена опасност од одрони, особено на патните правци низ котлините и речните долини, меѓу кои е и делницата Кочани – Делчево.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја приспособат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат особено внимателни при движењето на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Фото: @Delcevo365.mk c

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*