Во Делчево поставена сеизмолошка опрема за следење на земјотресите

Во атарот на село Тработивиште, во близина на Прочистителната станица за вода, денеска е поставена сеизмолошка опрема за следење и регистрирање на земјотресите, со што се унапредуваат можностите за мониторинг на сеизмичката активност во Делчевскиот регион.

Опремата е обезбедена и поставена од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, во рамки на активностите за унапредување на сеизмолошкиот мониторинг и прибирање релевантни податоци за земјотресите.

Поставувањето на опремата има особено значење ако се има предвид дека Делчево и Берово припаѓаат на источно-македонската сеизмогена зона, во која се регистрира сеизмичка активност.

Со новата опрема ќе се овозможи континуирано следење и регистрирање на земјотресите, како и прибирање подетални податоци за сеизмичките карактеристики на ова подрачје, што е од значење за научните истражувања и подоброто познавање на природните појави.

Од Општина Делчево ја истакнуваат поддршката за соработката со научните институции, нагласувајќи ја важноста на стручните истражувања и достапноста на релевантни информации за природните појави и нивното следење.

Со поставувањето на сеизмолошката опрема се создаваат подобри услови за научно следење на сеизмичката активност во овој дел од државата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*