Женската пејачка група „Ѓурѓа“ од Делчево со настап на вечер посветена на македонската хорска класика во Штип

Женската пејачка група „Ѓурѓа“, која работи во состав на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, вечерва настапи на концертната вечер „Вечер на македонска хорска класика, штипски автори и православна духовна ризница“, што се одржа во Штип.

Настапот беше реализиран на покана на НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип и Градскиот камерен хор „АСТИБО“, кои беа домаќини на музичкиот настан.

Пред штипската публика, делчевската група се претстави со својот музички настап, кој беше проследен со громогласен аплауз и позитивни реакции од присутните.

Од НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево упатија благодарност до домаќините за воспоставената соработка и укажаната можност групата „Ѓурѓа“ да биде дел од оваа концертна вечер, посветена на богатството на македонската хорска традиција, музичкото творештво на штипските автори и православната духовна музика.

Уште едно успешно претставување на делчевските музички уметници надвор од градот, со кое се потврдува значењето на културната соработка и негувањето на македонското музичко наследство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*