ЖРК Струга славеше со 25:18 против делчевскиот состав, кој во оваа средба се соочи со еден од претендентите за шампионската титула.
Ракометарките на Делчево забележаа пораз на гостувањето во Струга, каде што во рамките на првенственото натпреварување ги одмерија силите со домашната екипа на ЖРК Струга. Натпреварот заврши со резултат 25:18 во корист на домашниот тим.
ЖРК Струга, заедно со екипата на Илинден Вардар, важи за еден од главните претенденти за шампионската титула оваа сезона, па гостувањето претставуваше сериозен предизвик за делчевските ракометарки.
И покрај поразот, ваквите натпревари се значајно искуство за екипата на Делчево, особено во дуелите со најквалитетните противници во првенството. Секој ваков предизвик носи нови лекции и можност за напредок, а од клубот порачуваат дека продолжуваат со работа, верба и посветеност.
По натпреварот, ракометарките го искористија престојот во Струга за прошетка покрај брегот на Охридското Езеро и за тимско дружење.
„Главите горе, девојки! Резултатот е минлив, но карактерот, трудот и борбениот дух се градат со секој натпревар. Не се откажуваме, продолжуваме да работиме и да веруваме во она што го градиме“, порачуваат од ЖРК Делчево.
За делчевските ракометарки следуваат нови предизвици, со желба преку тренинзите и натпреварите да продолжат да напредуваат и да ги бранат боите на својот клуб.

Leave a Reply