Започна изградбата на ново јавно осветлување на улицата „28 Август“ во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на инвестициите кои имаат за цел подобрување на комуналната инфраструктура во градот.

На терен веќе е започната изградбата на новото јавно осветлување на улицата „28 Август“. Во рамки на овој инфраструктурен проект, предвидено е и комплетно осветлување на паркинг-просторот лоциран помеѓу Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и паркот на Рудари.

Според градежниот план, се очекува сите активности на терен да завршат до средината на декември.

Од локалната самоуправа истакнуваат дека со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за движење и престој во овој дел од градот, со што ќе се обезбеди поголема безбедност за граѓаните и децата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*