По повод големиот празник Митровден, мештаните и верниците од село Драмче споделија прекрасни вести за успешното завршување на втората фаза од проектот за уредување на просторот околу црквата „Свети Архангел Михаил“.
Со заеднички труд, посветеност и солидарност, успешно беа реализирани предвидените бетонски и уредувачки зафати, со што целосно е заокружен оваа дел од планираните активности за подобрување на инфраструктурата во црковниот комплекс.
Оваа успешна акција е резултат на трудот и заложбите на мештаните:
- Ванчо Величковски
- Славчо Трајановски
- Мирко Трајановски
- Киро Трајановски
Завршувањето на овие активности претставува уште еден значаен чекор кон зачувување и подобрување на духовното и културното наследство во регионот, создавајќи уште подобла средина за собирање и одбележување на верските празници на ова свето место.




Leave a Reply