В петок јавна презентација на отчетот на градоначалникот Гоцевски со концерт на Бојана Скендеровски

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, утре, 20 ноември, ќе одржи отчет за сработеното во првата година од мандатот, на кој ќе ги презентира реализираните активности, постигнатите резултати и идните планови и приоритети за развој на општината.

Настанот ќе се одржи во салата на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, со почеток во 19 часот. Пред присутните ќе бидат презентирани реализираните проекти, инвестициите и активностите во изминатата година, како и визијата за натамошниот развој на општината.

По завршувањето на отчетот, со почеток во 20 часот, ќе се одржи музички концерт на познатата македонска поп-пејачка Бојана Скендеровски.

Настанот е можност за осврт на досегашната работа на локалната самоуправа и запознавање на граѓаните со идните развојни приоритети на Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*