Општинскиот совет за детско престапништво во Делчево го одржа својот прв конститутивен состанок, на кој беа усвоени Деловникот за работа и Програмата за работа за претстојниот период.
На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Советот, присуствуваа претставници од локалните институции, вклучувајќи ги полицијата, Центарот за социјални работи, основните и средните училишта, како и граѓанскиот сектор, со цел унапредување на превенцијата и справувањето со детското престапништво на локално ниво.
Со усвојувањето на овие клучни документи се поставуваат правните и практичните рамки за идното дејствување на ова тело, кое ќе се фокусира на рана детекција, едукација и поддршка на младите во соработка со сите релевантни чинители во општината.

Leave a Reply