ЈЛБ „Илинден“ – Делчево го одбележа Светскиот ден на детето со децата од градинката „Весели цветови“

Делчево, 20 ноември 2026 година – Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево денеска го одбележа Светскиот ден на детето заедно со децата од детската градинка „Весели цветови“.

На дечињата на возраст од пет и шест години им беа подарени цртежи од боенка, а беше договорен и следниот заеднички чекор – откако ќе ги обојат, да ги донесат во библиотеката, каде што ќе биде поставена шарена новогодишна изложба од нивните творби.

Од библиотеката изразија благодарност до детската градинка и до воспитувачките Весна, Маја и Весна за досегашната соработка и заедничкото реализирање на бројни активности и настани.

Светскиот ден на детето е ден за акција од децата за децата на глобално ниво, кој се одбележува секоја година на 20 ноември, на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето. Целта на одбележувањето е да се сврти вниманието на јавноста кон обврските што општеството ги има кон децата, како и кон најважните предизвици со кои тие се соочуваат. Потребата од заштита на детските права произлегува од фактот дека децата се високоранлива група, изложена на ризик од злоупотреба, насилство и експлоатација.

И покрај напорите, сè уште постојат деца кои живеат на работ на егзистенција, без доволно храна, без пристап до образование и со отежната здравствена заштита. Затоа се истакнува дека не само 20 ноември, туку секој ден треба да биде ден на детето, со заеднички заложби на целиот свет за поголема свест и заштита на нивните права.

По повод Светскиот ден на детето беше споделена и пораката:

Ние децата – црни, жолти, бели,праќаме порака итнадо луѓето од целиот свет,атомски бомби,тенкови и топовине сакаме, не!Градинки нови,училишта, домови,место нив градете,повеќе храна,играчки, книги,на секое дете да му дадете! Тогаш, чувствуваме,светот ќе биде поличене (помирен/поубав)*, а во секое срце ќе трепери среќа, ќе цвета љубов.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*