Успешен конзуларен ден во Неиве !

🇲🇰🇮🇹 Успешен конзуларен ден во Неиве — блиску до нашите граѓани, со силна институционална поддршка!

Во неделата, на 22 ноември, во Неиве успешно беше реализиран конзуларен ден на Генералниот конзулат на РСМ во Венеција, при што на нашите државјани кои живеат и работат во овој дел на Италија им беа врачени документи за кои имаа потреба.
Со ваквите теренски активности на ГК Венеција директно им излегуваме во пресрет на нашите иселениците, заштедувајќи им време и патување.

💫 Убаво значење на настанот му даде присуството на директорот на Агенцијата за иселеништво, г-нот Горан Ангелов. Со својот отворен, непосреден и посветен пристап, г-нот Ангелов оствари срдечни средби и разговори со нашите сограѓани, внимателно ислушувајќи ги нивните потреби, идеи и предизвици. Неговото присуство на терен е уште една потврда за искрената заложба на Агенцијата за иселеништво да гради жива, функционална и трајна врска меѓу дијаспората и татковината, давајќи силна поддршка за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура во Италија.

🙏 Искрена и голема благодарност до МПЦО „Св. Архангел Михаил“ во Неиве и отец Михајло Матевски за несебичното гостопримство и отстапувањето на црковната канцеларија за непречено одржување на конзуларните денови. Нивната постојана поддршка и отворени врати се од непроценливо значење за целата македонска заедница во овој регион.

🇲🇰🇮🇹 Благодарност и до сите наши граѓани за срдечната соработка. Да продолжиме заедно 🙏 се вели во објавата на генералниот конзул на РСМ во Венеција, Фросина Ременски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*