Состојбата со болеста африканска чума кај свињите која неодамна беше потврдена на индивидуално одгледувалиште во делчевското село Град е стабилна, информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во моментот како што се вели во информацијата оттаму нема нови жаришта.
-На последното жариште, каде беше евидентирано угинување на една единка кај која лобораториски беше потврдена болеста, спроведена е депопулација, чистење и дезинфекција, со тоа што на ова одгледувалиште еутаназирани се 21 свиња од различни категории, и формираа од АХВ. З
Заштитните и контролните мерки како што додадоа се уште се на сила во воспоставените зони од 3 км (заштитна зона) и 10 км (зона под надзор) и се однесуваат само на последниот потврден случај.
Претходно воспоставените рестриктивни зони од 3 и 10 километри околу 15 жаришта на болеста во земјава беа укинати на 17 октомври годинава.
Во 2023 година болеста африканска чума кај свињите потврдена е на 16 одгледувалишта Република Северна Македонија. Угинати се 266 свињи, а еутаназирани се вкупно 9204 единки. Нештетно се отстранети вкупно 9570 свињи ( угинати и еутаназирани).

Leave a Reply