Во организација на РК Растимо и оваа година во Нови Сад ќе се одржи традиционалниот турнир „Растимо – трофеј на градот Нови Сад“.
Ќе учествуваат екипи од Србија, Германија, Словенија, Црна Гора, Романија, Македонија и Република Српска, а натпреварите ќе се играат во салите на Спенце, Слана Бара, Петроварадин, Факултетот за спорт и физичко образование и во салата Храм во Каќ.
Ќе се натпреваруваат деца од 11 до 16 години, во категоријата девојчиња и момчиња кои првите натпревари ќе ги играат денес, додека затворањето е во недела на 18 февруари 2024 година.
РК ,,Делчево” во првиот натпревар на престижниот меѓународен ракометен турнир “ТРОФЕЈ ГРАДА НОВОГ САДА” ќе се сретне со екипата на СРЕМ со почеток во 13:30 часот.
Од екипата на РК Делчево се надеваат и на позитивен резултат на овој турнир, со што достојно ќе го претстават градот Делчево и Македонија.



Leave a Reply