Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски го посети Регионалниот центар за гранични работи Исток и граничниот премин „Делчево“. Во рамки на посетата Бојмацалиев одржа работен состанок, а имаше и теренски активности заедно со македонската полиција присуствувајки на две точки на обезбедување на границата со Република Бугарија.
-Од состанокот со РЦ Исток сум информиран дека имаме зголемување на протокот на патници за 11 проценти, имаме намалување на криминалитетот на државна граница за 25 проценти, а зголемен е и бројот на настани по ОА Гора за 100 проценти и зголемување на количината на запленети дрва за 41,4 проценти во заолена на девна маса по акцијата гора, рече Бојмацлиев.
Заменик министерот напомена дека е намален бројот на откриените фалсификувани патни исправи и други документи за 15,38 проценти.

-Со тоа потврдуваме дека овие гранични премини се опремени со опрема за детектирање на лажни документи. Исто така ќе миже да се уверите и од опременоста на РЦ Исток на терен кај што бевме, имаме специјални возила за надзор на границата, исто така имаме и термални камери за секојднецно и ноќно набљудување. Исто така имаме и мобилни уреди кои се поставуваат и снимаат 24 часа во текот на денот и при детекција на одредено движење испраќаат сигнал до централата и знаеме дека некое лице е таму и тоа ни служи понатаму во постапката, додаде Министерот.

Со тоа како што заврши Министерството ги потврдуваме тврдењата дека границите се безбедни и дека македонската полиција 3 опремена. Освен возилата форд кои се 10 на територијата на РСМ, во фаза на набавка се и 8 дронови, со што како што подвлече заменик министерот, Министерството ги следи светските трендови за обезбедување на нашите граници.

Leave a Reply