Во беровското село Ратево во тек најавеното асфалтирање на улица Илинденска. Како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски се работи за проект кој се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски.
-На мое големо задоволство, денеска, се асфалтира улица ,,Илинденска”, во с. Ратево, проект финансиран со средства од Владата на РСМ, преку Министерството за транспорт и врски. Жителите на с. Ратево, добиваат соодветен пристап до своите имоти, подобар квалитет на живот и полесен пристап до црквата, истакна Пекевски.

Градежните работи за асфалтирање на оваа улица како што додаде е во должина од 940 метри.
-Реконструкцијата на ова улица, е од големо значење за жителите од с. Ратево, затоа што е главна и воедно најфреквентна улица во селото. Улицата е со широчина од 3 метри, со предвидени места за разминување.
Проектот опфаќа и реконструкција на селскиот мегдан, со соодветно сообраќајно решение, со одводнување, со прифатна решетка и обнова на цевасти пропусти, додаде беровскиот градоначалник.
За реконструкција на ова улица од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, се обезбедени 8,5 милиони денари.

Leave a Reply