Во Делчево денес во вториот круг од претседателските избори и на парламентарните избори гласаат 222 болни и изнемоштени лица. Бројката за разлика од првиот круг на лица кои можат да го остварат своето право на глас во домашни услови како што соопштија од ОИК Делчево е поголем за 61 лице.
Во соседната општина Македонска Каменица, како што информираа од Општинската изборна комисија во домашни услови гласаат 47 болни и изнемоштени лица.
Вкупен број на избирачи за утрешните избори во Делчево има 14.569, додека во Македонска Каменица таа бројка изнесува 6651 лица со право на глас.
Од двете општински озборни комисии информираа дека сите избирачки места во текот на утрешниот ден, ќе бидат отворени од 07:00 часот, а гласањето за парламентарните и претседателските избори ќе се одвива до 19:00 часот. вс/

Leave a Reply