Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денес беше домаќин на делегацијата од Општина Струмјани, Р. Бугарија, предводена од градоначалникот, Емил Илиев и претставници на Советот на оваа општина. Тие денес беа во возвратна посета на Општина Берово, како резултат на соработката помеѓу Советите на двете Општини.

Во изјавата за МИА, Пекевски упати благодарност за посетата на делегацијата и досегашната соработка, која резултира со реализација на повеќе проекти, од двете страни на границата.
-Верувам дека соработката со Општина Струмјани ќе продолжи со уште по силно темпо и ќе биде унапредена. Во рамките на соработката на двете општини, како што истакна градоначалникот Илиев, аплицирано е на проект за развој на туризмот, во кој учествуваат 4 општини: Берово, Струмјани, Струмица и Петрч, кој што повик е сеуште во тек, а се однесува за Програмата до 2027 година, рече Пекевски.
Градоначалникот на Струмјани, Емил Илиев, на домаќините им го честиташе денешниот празник Источен Петок Балаклија кој во Берово се нарекува Беровска Богородица.

-Искрено се радувам што денес сме во Берово, за да се разменат добрите практики на двете општини, во работата. Сите знаеме дека заедничка цел на двете општини, е отворање на граничниот премин Клепало и затоа можеме да кажеме дека работите се движат со забрзан тек и се надевам дека ќе имаат успешен крај, реле Илиев
Претседателката на Советот на Општина Берово, Марија Буровска исто така се заблагодари за соработката, помеѓу советите од двете општини, додавајќи дека тие секогаш биле во многу блиски врски, посакувајќи во иднина соработката да се продлабочува и да се реализираат повеќе заеднички проекти.

Leave a Reply