Со квиз на знаења, ЈЛБ ,,Илинден” и ООУ ,,Св.Климент Охридски” го одбележаа Денот на Сесловенските просветители

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево, заедно со ООУ „Св.Климент Охридски“ го одбележа денот на Сесловенските просветители. По тој повод, денеска во читалната на библиотеката се одржа квиз на кој учествуваа ученици од VII , VIII и IX одделение. Колку знаеме за светите браќа Кирил и Методиј?

Учениците одговараа на 10 прашања поврзани за животот , делото и значењето на браќата Кирил и Методиј. Со најмногу точни одговори беа учениците од третата група и тоа Дарија Велинова, Ивана Пејчиновска и Тамара Тошевска и го освоија првото место на квизот.На второто место се најдоа учениците од втората група и тоа Дамјан Радевски, Софи Ивановска, и Елена Убавелска, а трето место за учениците од првата група, Маријана Јовановска и Тамара Стоименова. Честитки за сите!

Наградата и не е толку важна , колку што е важно тоа да знаеме за светите браќа Кирил и Методиј за нивното дело и нивното значење, децата со интерес да учат за нив, и да се поттикнува мотивираноста и натпреварувачкиот дух кај децата.
За регуларноста на квизот се грижеше Комисија во состав Анита Петровска-библиотекар во ЈЛБ„Илинден“ и Валентина Даневска-библиотекар во ООУ„Св.Климент Охридски“.Учениците беа под менторство на наставник Весна Иванова.
Во современиот свет Кирил и Методиј се единствените личности што можат да се дефинираат како мост меѓу вечниот ривалитет на Источна и Западна Европа

Светите Кирил и Методиј се едни од најважните личности во словенската, а со тоа и во македонската, но и во европската историја. Нивното дело е револуција во дотогашната светска мисла дека христијанството може да се проповеда само на три јазици – еврејскиот, грчкиот и латинскиот.

Тие успеваат со своите мисии да го внесат словенскиот јазик, создавајќи ја глаголицата како писмо засновано на говорите од тогашното население од околината на Солун.

По повод Денот на словенските просветители, кој се чествува секој 24 мај, се потсетуваме на важните придобивки од делото на словенските рамноапостоли, светите Кирил и Методиј. Нивната мисија е од огромна важност за сиот словенски свет, а неоспорни се и универзалните вредности на нивниот предизвик.

Најзначајната мисија за браќата е Моравската мисија, за која специјално ја создале глаголицата, посебна азбука според јазикот што го зборувале Словените, составена од 38 букви. Превеле дел од Библијата на словенски јазик и неколку богослужбени книги на словенски и заминале во Велика Моравија.

Нивната дејност наишла на силен отпор од германските свештеници, кои жестоко се бореле против воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата и против глаголското писмо.

Веста за мисионерите во Моравија стигнала и до папата Никола Први, па двајцата браќа тргнале кон Рим, на средба со папата.

За делото и големината на браќата Константин и Методиј дознал и кнезот Коцел од Панонија (Панонска мисија), кој ги повикал браќата да им помогнат на панонските Словени против германизацијата. Константин и Методиј останале во Панонија 6 месеци и во тој период ги ширеле христијанството и писменоста кај тамошното население.

Оттаму преку Венеција отпатувале за Рим.
Во Рим браќата биле примени од папата Адријан Втори. Нему му ги предале моштите од папата Климент Први. Поради мудроста и пожртвуваноста на Константин и Методиј, поради нивната мисија за ширење на христијанството и поради честа што му ја направиле на починатиот папа Климент, Адријан Втори го ракоположил Константин за свештеник, а неговите ученици за презвитери и ѓакони. На Константин му било дозволено да изведе богослужба на словенски јазик, црковните книги што биле преведени на словенски јазик и писмо биле оставени на поклонение во еден од римските храмови, а преводот на Библијата бил осветен од папата, кој дозволил во Велика Моравија и во Панонија да се одржува богослужба на словенски јазик.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*