Се навршиjа 166 години од постоењето на светиот храм св. цар Константин и царица Елена во село Негрево, кoја е и најстара црква во Општина Пехчево.
По тој повод се одржа чествување од страна на свештениците посветено на празникот на црквата во присуство на верниците.

Во таа прилика беше објавен и почетокот на градежните активности за реконструкција, најнапред на кровот на црквата кои ќе започнат веќе од утре 04.06.2024 година.
Верниците и свештениците искажаа благодарност до иницијативниот одбор за реконструкција на храмот, за нивната посветеност и сериозност во организација на работите како и до сите добронамерни луѓе и општествено одговорни фирми кои го помагаат овој процес на реконструкција.
Фото: Пехчево Денес








Leave a Reply