,,Светлина на мојот пат” ново дело на писателката Ивана Танев

Ивана Танев е писателка по потекло од Пехчево. Таа го подготвува нејзиното најново дело ,,Светлина на мојот пат” стихозбирка посветена на нејзиниот животен сопатник.

Рецензент на делото е познатата писателка Оливера Ширговска која за Ивана ќе каже:

“Запознајте ја Ивана

После подолг престој во Германија и заминувањето од родниот крај , Ивана периодов има неодолива желба да не почести со ново дело “ Светлина на мојот пат”. Се работи за стихозбирка, која таа има желба да му ја посвети на својот животен сопатник. Во стихозбирката се застапени поеми со љубовна тематика. Прекрасен лирски мелос надополнет со силни чувства и емпатија. Покрај љубовните поеми, секако свое место ќе најдат и поемите за недостигањето на најмилите, семејството и родниот крај. Иако километри далеку, сепак поетесата смогнала сили и со трепетна душа го воспеала љубовниит мелос и роднокрајните бранувања. Да го поздравиме ова ново дело на поетесата и’ да и посакаме успех во понатамошното творештво.

Оливера Ширговска -рецензент на книгата

ШТО И БУДИ ИНСПИРАЦИЈА НА ИВАНА

Инспирацијата ја пронаоѓам насекаде, во секојдневието, во денот што буди поезија, во прошетките во природа, во сѐ она што ме прави среќна“,Често знам да заплачам кога товарот ќе стане претежок, а очите упорно ми го бараат сјајот во утринските зраци, во денот, за малку насмевка и парче рај во ноќта кога тагата ја прегрнува тишината.

Изминативе 8 години ги имам издадено стихозбирките “Вљубено срце“, „Виори низ светот на заљубените“, „Од љубов со љубов за Македонија“ Плачат и најсилните..
Јас продолжувам да чекорам напред, секојдневно откривајќи нови нешта кои ми го исполнуваат животот и ме прават неизмерно среќна.

Во таа насока на денот на самата промоција од книгата сакам да се организира хуманитарна акција ,,Да се донираат алишта за многудетните семејства, обувки, храна и слично”. Оваа акција секој би ја поддржал бидејќи помошта секогаш е добредојдена. Живееме во време кое секој ден ни наметнува нови проблеми и ризици, материјалната положба на семејствата е несигурна, со еден збор би кажала – Добрината со добрина се враќа. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви слични акции каде би се вклучиле повеќе градови и би се донирало што повеќе помош за семејствата на кои вистински им треба. Хуманоста е ососбина која ретко кој во денешно време ја има, вели Ивана Танев која наскоро планира промоција во родното Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*