За Еди Курник од Марибор, Словенија, селото Стар Истевник има посебно место во неговото срце. Имено тој во 1988 година има служено дел од војниот рок во караулата над селото Стар Истевник по прекоманда од Велес.
Во селото Стар Истевник ги запознава своите пријатели Баже Михаиловски и Слободан Димитровски (сега покоен).
Деновиве тој повторно го посети село Стар Истевник, каде заедно со Блаже и останати познаници евоцираа спомени за времето од 1988 година, низ познати ЈУ-хитови потсетувајки се на моментите од војската.

Но да не должиме, најдобро е сами да го погледнете видеото на Курник од неговата посета на Македонија, која започнува најпрвин на касарната во Велес, па потоа продолжува во Делчево и Стар Истевник.
П.С. Еди Курник инаку е хорски пејач и посетата на Делчево ја остварува по неговиот настап заедно со колегите во Грција.

Leave a Reply