Општина Македонска Каменица доби нова Пречистителна станица за вода за пиење во село Цера со која ќе раководи ЈП Камена Река Македонска Каменица со што трајно се решава проблемот со водата за пиење на домаќинствата во Стара Каменица и село Дулица и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Изградбата на Пречистителната станица ја реализираше компанијата ЕНЕРГОМОНТ – Скопје во вкупна вредност од 4.925.421,00 денари, средства обезбедени од буџетот на општината, се вели во информацијата на каменичкиот градоначалник Димчо Атанасовски.





Leave a Reply