Во просториите на Спомен Дом АСНОМ во Делчево, во организација на Центарот за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров” на 30 јули 2024 година (вторник) беше промовирано делото ,,Македонските состојби” од роднокрајниот автор Васил Маневски.
Настанот го отвори програмскиот директор на делчевската културна установа Методи Толевски, а потоа промоцијата ја водеше сатиричарот Миле Ѓорѓијоски кој претстави останатите гости, меѓу кои и рецензентот и писателот Доне Донев, а извадоци од делото читаа членови на Експерименталното театарче меѓу кои и младата Вања Ѓеорѓиевска како и некогашните членови на театарчето Кико Маневски и Љупчо Илиевски Цинцо.

Потоа обраќање на промоцијата имаа и поетесата и претседателката на Здружението на роднокрајни автори ,,Пијанечки глас”, Христина Деолска како и роднокрајниот автор Крум Николов. Чест на авторот со своето присуство му оддаде и поетесата Габриела Костадиновска, а за музичкиот дел беше задолжен проф. Драган Колевски, исто така од Пехчево.
На крај присутните ги поздрави авторот Васил Маневски кој најави уште неколку книги кои тој ги подготвува меѓу кои и монографијата за село Тработивиште.
За одбележување на крај е и краткиот говор на познатата докторка од Делчево, Сања Пановска која живее и работи во Германија, а беше специјален гостин на настанот.
Промоцијата со сето она што е најважно да се знае за книгата ,,Македонските состојби” во целост може да ја погледнете на следниот линк:
Видеата погоре се на делови, а погледнете ја целата промоција која беше пренесувана во живо на следниот линк:
https://www.youtube.com/live/dYAogtCQPLU?si=8y-41-rCvW6HAX3r

Leave a Reply