Ќе се реновира и санира објектот и летна сцена во Градски парк Делчево

Реновирање и санирање на објектот и летна сцена во Градски парк Делчево
КУД „Гоце Делчев“ Делчево во соработка со партнерство со Општина Делчево, невладината „Тернипе МК“ Делчево, Локален Младински Совет Делчево, ДППУ – ОКИ ПРОМ Делчево, ДООЕЛ Рома Транс, Делчево се потпиша Меморандум за соработка со локалните партнери, Мрежата за рурален развој и ЛАГ Малеш Пијанец.

Со реализирање на проектните активности се очекува Подобрување на условите за работа во објектот и постигање на поголема енергетска ефикасност со надворешно и внатрешно реновирање на објектот КУД„Гоце Делчев“ Делчево и Летна сцена во Градски парк Делчево.
Санирање, кречење и белење на внатрешниот дел од објектот, санација на покривна конструкција, нови ПВЦ прозорци и влезна врата.

Адаптирање на салата за активности за членовите на Културно уметничкото друштво Гоце Делчев Делчево сегашните и нови членови кои ќе се приклучат во здружението и за учесниците од земјава и странство за настани од областа на културата во текот на целата година.

Нова внатрешна столарија и саунд систем во салата. Бојадисување на sид на летната сцена, подна мушама со изолација за надворешниот дел на летна сцена и ламинат за објектиот внатрешен дел на објектот. Пристапна патека за инвалидни лица. Санирање на тоалети во објектот. Со реновирање на објектот ќе се промени ликот на објектот интериерно и ентериерно.

Одржливоста на проектот ја гледаме во поширок регионален контекст кој обезбедува доволен број на потенцијални директни и индиректни корисници кои ќе остваруваат економски активности од кои ќе се генерира приход и ќе се има интерес за развој на целиот регион преку културни фестивали, манифестации кои ќе привлекуваат туристи и посетители, население, учесници и сл.

Овој проект за нас преставува процес преку кој продолжуваме да градиме одржливи општествени заедници и културата како развоен ресурс во општеството. Координатор на проектот е Зенил Реџепов Стручни.

Акцијата се реализира во рамки на проектот „Програма за развој на заедницата“, финансиран од USAID North Macedonia Агенцијата на САД за меѓународен развој, а имплементиран од страна на Rural Development Network of North Macedonia Мрежата за рурален развој на Северна Македонија со локалниот партнер ЛАГ Малеш-Пијанец / LAG Malesh- Pijanec.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*