Обилни врнежи создадоа проблеми во Делчевско

Обилните врнежи од дожд кои денес околу 14 часот го зафатија Делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3. 

Како резултат на одрони кај месноста Батковз Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот.

Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.

Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крак од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*