Во Берово започна Етно плоштад фестивал и Саемот ,,Малешевијата на дланка”

Во Берово започна 14-тото издание на Етно плоштад фестивалот и Саемот на традиционални производи ,,Малешевијата на дланка”. Фестивалот започна со раскошно и богато дефиле на културно уметнички друштва, низ центарот на Берово, а во рамки на трите фестивалски вечери ќе настапат играорци и уметници, од земјава и пошироко. 

Целта на настанот како што рече градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски е да се збогати културно-забавниот живот во Берово, а воедно и презентација на националната традиција, фолклорното богатство и култура.

– Саемот на традиционални производи  и Етно плоштад фестивалот,  не обврзуваат и во иднина да ги вложуваме сите своите напори, да си ја зачуваме традицијата, да продолжи да биде место каде што чесно и објективно ќе се вреднува вложената енергија. Сето тоа како еден креативен напор во создавањето на трајни вредности и нивно негување,  промовирање и зачувување на културното наследство и промоција на локалните производи во насока на поттикнување на локалниот економски развој, рече Пекевски на отворањето на фестивалот упатувајќи посебна благодарност до главните покровители на фестивалот Министерството за култура  и  фирмите Еклектик и Жито Малеш АД.

Во рамки на првата вечер од Етно плоштад фестивал вечерва настапуваат

Староградски оркестар ,,Беровски тамбураши”, Етно група ,,Брус” од Општина Брус, Р Србија, КД ,,Јанки Дивјак” од Р.Словенија, КУД ,,Љубомир Иванович – Геџа” од Р Србија, КУД ,,Димитар Беровски” од Берово, КУД ,, Мирка Гинова” од Демир Капија и Здружение на пензионери од Берово. 

Во рамки на настанот ќе се одржи и Фестивалот на детски песни ,,Малешевско ѕвонче”, а свој надтап ќе има у Kaja  Климпер –балет, диџеј Бони и 

Теодора Сретеновиќ. .

Главна ѕвезда на овогодинешниот Етно плоштад фестивал е Јелена Розга, која ќе настапи во недела, на 25.08.2024 година.

https://www.youtube.com/live/_bWxRV22h30?si=BFNGitsnMbVWYPtv

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*