Здравствената станица во Македонска Каменица доби нов современ РТГ апарат

Здравствената станица во  Македонска Каменица доби нов современ апарат. Систем за дигитална радиографија како најнов и софистициран дигитален РТГ апарат денес донираше Рудник Саса. 

Билјана Георгиевска, новоназначена директорка на Здравствен дом ,,Гоце Делчев” од Делчево кој раководи со здравствената станица во М.Каменица, информираше дека инвестицијата е вредна околу 5 милиони денари.

-Голема благодарност до рудник Саса кои во повеќе наврати покажаа дека се грижат за унапредување на здравјето на локалното население. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму.  Документацијата за апаратот е веќе подготвена и се надеваме дека многу скори ќе биде пуштен во употреба, рече Георгиевска.

Според градоначалникот Димчо Атанасовски опремата ќе биде од големо значење за пациентите од поширокиот регион.

-Се надевам дека опремата ќе биде од голема корист за вработените. Претходно како Општина собиравме и ново возило како и друга опрема. Се надеваме во иднина да ја уредиме и самата зграда со цел успешно функционирање на нашите вработени, рече Атанасовски.

Генералниот директор на Рудник Саса честитајќи и го изборот на новата директорка, давајќи и до знаење дека ,,Саса” ќе продолжи да го подржува развојот на здравството во регионот во М.Каменица.

-Како што знаеме градоначалникот и советот исто се заложуваат и прават она што е добро овде за луѓето. Се надеваме дека со пуштањето на оваа рентген машина ќе биде понавремено здравство во М.Каменица и соседните места, затоа што ќе имаме побрза дијагностика да не одиме во Кочани и Штип, рече Колбурн.

Најави продолжување на соработката со Општината во интерес на подобар живот на сите чинители од локалната заедница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*