Бардот на фармацијата во Македонија и пошироко на Балканот, Благој Механџиски Зегин беше најчест посетител овие денови на Етно фестивалот “Малешевијата на дланка” во Берово.
Очигледно беше неговото воодушевување од рачните изработки на резба и разновидни сувенири кои ги имаше во изобилие на штандот на уметниците Ванчо Чаушовски (Арт Чаушовски) и Блаже Буровски.

Механџиски не пропушти да ја посети и поставката со Иконостасот од кој посебно беше одушевен и за кој секако добија куп позитивни коментари и пофалби, за кои двајцата уметници му изразија благодарност.
-Воедно, кој го познава, знае дека Зегин е голем љубител, познавач и колекционер на најразновидни уметнички дела, голем подржувач на уметниците и секако голем хуманист кое го има докажано безброј пати на дело. Му благодариме, се вели во објавата на двајцата врвни мајстори на својот занает.

Чаушовски и Буровски се творци на Резбаниот Иконостас во Орeово Дрво, како уникатна уметничката поставка која воедно е и нај новото дело излезено од нивните раце.
Ванчо Чаушовски е признат македонски копаничар, фрескописец и уметник кој зад себе има богата и долгогодишна историја на фрескоживописување на над 20-тина цркви како и изработка на иконостаси и други црковни резбани елементи низ Македонија и светот.

Блаже Буровски исто така подолги години се занимава со уметност и е признат уметник во Берови. Како тим работат околу 3 години. Како резултат на таа соработка, заеднички имаат остварено повеќе проекти меѓу кои и фрескоживопис во централната градска црква во Берово како и уште неколку цркви низ Македонија. Од резба, имаат изработено голем број на црковни елементи како Тронови, Певници, Целивални,Столови (Стасидии) и друго. Неколку иконостаси за цркви низ Македонија, како и иконостас за црквата Св. Никола во Сиднеј – Австралија, монтажен иконостас за црквата Св. Петка во Дизелдорф – Германија, а покрај ова имаат изработувано и помали црковни елементи за храмовите на МПЦ во Хрватска, Словенија, Германија и други држави во Европа и светот.

Сепак, ова не е нивната единствена дејност. Двајцата работат повеќе стилови во уметноста а самото тоа ги прави уникатни при осмислување и изработки на црковен ентериер и уредување, што подразбира комплетна резба и осликување на икони и фрескоживопис во црква.
Изложениот иконостас има неколку пропратни елементи наменети за цркви и манастири. Овој проект е плод на соработка и креативноста на двајца уметници со исклучителен талент. Комбинацијата на нивните идеи и вештини резултира во уметничко дело што го претставува најдоброто од двете свери – традиционалната резба и современата уметност.
Иконостасот кој е со димензии од 5 метри и 60 см во ширина и над 4 метри во височина е комбинација од неколку стилови на резба и поголем дел е рачна изработка. Истиот е работен во ореово дрво а тука секако се запазени и црковните канони и традиционални македонски и христијански елементи.
Берово не е познато по резбарство бидејќи нема многу мајстори од тој занает како традиција, но очигледно е дека традицијата започнува од овие веќе нашироко познати и признаени уметници кои над дваесет години се претставуваат со свои дела насекаде низ светот.

Во случајов, иконите кои се вградени во овој иконостас се дело на Јулијана Стамбова иконописец од Велес која е само соработник во овој проект а не е член на тимот.
Да нагласиме дека ова е уникатна изложба бидејќи е прва од ваков тип во Берово а веруваме и во Македонија. Иконостас како уметничко дело сте имале прилика да видите во црква но не и вака пред да биде поставен на местото за каде е наменет.
Иконостасот ќе биде поставен во Полошки манастир на Тиквешко езеро.


Leave a Reply