,,Прво па машко”…победа за ФК Брегалница Делчево 1926 во првиот подготвителен натпревар пред почетокот на Третата фудбалска лига Исток.
Во натпревар со одлична атмосфера, остварена е победа во пријателски меч против Граничар Логодаж од соседна Бугарија со резултат 2:1.
Бојан Петровски и Никола Трајановски беа стрелци на головите за Брегалница Делчево 1926, каде одлична партија прикажаа и некои нови млади фудбалери, кои го имаа своето деби во „плаво-белиот“ дрес, надополнети со искусните играчи, за вистинско фудбалско уживање на градскиот стадион „Гоце Делчев“.
Од клубот упатија благодарност до публиката која беше наша голема поддршка, како и до гостинскиот тим, за фер плејот од нивна страна.
Целиот натпревар ТУКА

Leave a Reply