Првачињата од двете делчевски деветолетки ,,Ванчо Прке” и ,,Св.Климент Охридски” и оваа учебна година добија школски прибор од Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево.
Активноста како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска се реализира неколку години по ред.
-Денеска ги посетивме првачињата од двете основни училишта во градот на кои им додели не дел од потребниот училишен прибор. Малку збунети, малку радосни, трепкаат со очињата и стојат мирно. Долг е образовниот пат пред нив, само што зачекорија. Да се надеваме дека самоуверено, храбро и со силна желба за знаење ќе чекорат по него, истакна Петровска
Од ЈЛБ „Илинден“- Делчево воедно ги информираше дека во библиотеката има огромен број детска литература која можат да ја изнајмат самите ученици.

-Тука се лектирите, сликовниците и друга детска литература која им посакуваме брзо да научат да ја читаат и да бидат наши редовни читатели, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.
Во новата учебна година им посакаа многу трпение, успех, упорност, откривање на нови знаења и хоризонти, пренесувајќи ја пораката книгата секогаш да биде нивниот најдобар пријател. вс/

Leave a Reply