Јубилеј на КУД ,,Гоце Делчев” Делчево – 50 години постоење

Вечерва, 7 септември 2024 година со почеток во 19:30 часот, Културно-уметничкото друштво Гоце Делчев ќе одржи јубилеен концерт по повод 50 години од постоење на друштвото.

По тој повод денес свеченостите започнаа со положување свежо цвеќе пред споменикот на великанот и патрон Гоце Делчево, а потоа во рамки на Свечената програма, Зенил Реџепов, долгогодишен раководител на групата од страна на градоначалникот Горан Трајковски доби благодарница за јубилејот.

-Сакаме уште еднаш да покажеме заедништво и дека Делчево е град на толеранција и емпатија. Ве покануваме да бидете дел од 50 годишниот јубилеј на КУД „Гоце Делчев“ Делчево и 80 години слободно Делчево.

Со големо срце за Вас ќе настапат членовите на ансамблот. Наши гости ќе бидат: ДК„Каблови“ Јагодина, Република Србија, АНПТ „А.Манчев“ Бургас, Република Бугарија, РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево. Сабота летна сцена – Делчево, 07.09.2024, се вели во поканата на КУД ,,Гоце Делчев” по повод вечерашниот концерт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*