Хрватска олимпијка дел од ZEGIN OPEN 2024, Благој Механџиски – Зегин им посака среќа на учесниците

Хрватската олимпијка Ивана Малобабиќ е едно од имињата која годинава му даде посебен шмек на Меѓународниот турнир во пинг-понг ZEGIN OPEN 2024 кој пќтрета година по ред во спортската сала Македонски Бранители ги собра пингпонгарите од 12 земји кои конкурираат за наградите во вредност од 12.000 евра.

Милобабиќ е прв пат во Македонија и без скромност во својата изјава рече дека е овде за да го освои турнирот.

-Прв пат сум во Макдонија и Берово, каде има многу енергија во спортската сала. Имав убав дочек и очекувам да го освојам турнирот. Што се однесува до моето учество на Олимпијадата, тоа е награда за најдобрите спортисти каде се наоѓаат најдобрите од најдобрите, драго ми е што јас успеав да бидат таму. За крај порачувам дојдете на турнирот во Берово, мене ми е жал што не дојдов и минатата година, чувството е неверојатно и се гледаме и догодина, истакна Милобабиќ.

За Мирослав Чолаковиќ играч на ППК ,,Зегин” чест е трета година по ред да се учествува на веќе традиционалниот турнир.

-Драго ми е што сум овде, трета година како сум во Берово. Јас играм за Зегин. и сум тренер во Србија и мило ми е што гледам дека и овде има успешни играчи. Имаме едно убаво дружење и на крај многу среќа на сите, рече Чолаковиќ.

Натпреварите во сениорска конкуренција на денешниот втор ден од турнирот ги отвори покровителот на турнирот Благој Механџиски – Зегин кој изразувајќи радост за присуството на Милобабиќ на турнирот.

-Посебно сакам да ја поздравам нашата олимпијка, велам наша, бидејќи не учество да биде присутна на вака добро прифатен и Меѓународен организиран турнир. Се надевам дека таа ќе биде мотив на нашите млади и нејзините колеги и колешки да видат како со трудот може да се успее да биде меѓу првите во светот и сето тоа ќе го пренесе на нашите спортисти да бидеме и ние така успешни, рече Механџиски.

Изрази благодарнист за желбата за дружба и трудот на сите пингпонгари заедно да се дружат.

-Веќе не знаеме кој да го одделиме како раритет, сите покажаа дека треба да ги испочитуваме. Порака да ни дојдат и идната година и до домаќините уште подобри да бидат и да покажеме на светот дека и во едно мало место дека може да се организира ваков настан, додаде Механџиски.

На крај Механџиски упати посебен повик до граѓаните од Малеш и Пијанец и поширокиот регион да присуствуваат на вечерашниот концерт на групата Некст Тајм на градскиот плоштад во Берово за што е обезбеден и превоз за сите кои ќе сакаат да присуствуваат на концертот.

-Посебно сакам да ги поканиме нашите граѓани, имаме организиран превоз од Кочани, па наваму. Ги поканувам на концерт на Некст Тајм со што што ќе изразиме една масовност изразувајќи ја нашата гостопримливост, додаде Механџиски.

Пред концертот на групата за сите учесници вечерва е предвидено и дефиле во центарот на градот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*