Вила Аспен на Планина Голак ⛰️ , 1380 мнв. во Делчево Ви нуди мир и спокој за вистински да се одморите на чист воздух и прекрасна природа.
Заобиколена со густа борова шума🌲, оваа вила Ви овозможува да го слушате мелодичниот див свет кој живее наоколу.



Вила Аспен располага со 6 соби и апартмани комплетно уредени со природни материјали во модерен и планински стил.
🔹Стандардна Соба за Двајца (2 лица)
🔹Фамилијарна Соба (2+1)
🔹Делукс Соба за Двајца со Тераса (2+1)
🔹Апартман со две спални соби и една бања/тоалет (4 лица)
🔹 (достапни 2) Апартмани со две спални соби, мини кујна, тераса и една бања/тоалет (4 лица).













Капацитетот на Вила Аспен е 18 лица; дополнително достапни се 2 двоседи на развлекување до максимален капацитет за 20 возрасни лица. Детски креветчина за возраст од 0-4 год. достапни по барање на гостите.
Вилата поседува заедничка просторија со маси и столови, камин на дрва, 65 inch smart TV со кабловска телевизија, free Wi-Fi 🛜, board games 🎲♟️🧩.
Надворешниот простор околу вилата ветува дневно уживање со маси и столови, огниште во дворот, надворешно џакузи, пространа тераса со лулашки, трева, зеленило и декоративни цвеќиња, скара на плин и ќумур, паркинг 🅿️.
Заедничката просторија или сала може да се адаптира за презентации или конференции од бизнис карактер 📚🗂️📆💻.









Вила Аспен нуди велосипеди 🚲 за издавање на гостите кои престојуваат во самата вила.
Планината Голак е препознатлива по називот “воздушна бања” која е богата со борова, дабова, букова шума и јасика. Фудбалско и кошаркарско игралиште се наоѓаат во непосредна близина на самата вила. Патеките за пешачење / планинарење, велосипедските патеки и самиот терен погоден за АТВ или возење на мотори овозможуваат на оние со авантурискички дух поубаво да ја искусат и запознаат самата планина.






Слободното време може да се користи за пикник во природа, прошетка до Манастир Свети Пантелејмон, врв Мала Чавка (1508мнв), врв Голема Чавка (1536мнв), а во зависност од периодот на годината и собирање на шумски плодови, планински печурки, разновидни билки и чаеви.
Check in – 14:00-20:00
Check out – до 11:00
Контакт Телефон 📞 071/309-708






Leave a Reply