Во тек пријавувањето за ликовната и драмската секција на КИЦ ,,Романса” од Македонска Каменица

Културно информативниот центар “Романса” од Македонска Каменица започнува со ликовна секција, чија цел е формирање на Каменичка ликовна колонија. Како што информираа во денешната објава од КИЦ ,,Романса” ликовната секција ќе започне со работа од 01.10.2024 година и истата ке ја води Климентина Соколовска -дипломиран ликовен уметник од областа на класичното сликарство.

-Затоа упатуваме јавен повик до сите ученици од Општина Македонска Каменица да се пријават на ликовната секција најдоцна до 01.10.2024 година во просториите на Домот на Културата секој работен ден од 09.до 15 часот.може да се пријавувате во инбокс на нашата фан страница, но и на телефон 077-563-684, информираа од КИЦ ,,Романса”.

Од Културно иформативниот центар” Романса” од Македонска Каменица воедни ги информираа сите млади дека паралелно во тек е и пријавувањето за драмската секција.

-Драмската секција од 01.10.2024 ќе биде водена од Јофка Стоилова. Целта и придобивките на оваа секција е  бидејќи голем број од децата поминуваат пред екраните на електронските уреди и живеат во светот на виртуелноста па затоа да пробаме да им ги смениме навиките , а да им вградиме навики за друженње ,смеа,радос  и секако да се пронајдат самите себе, додадоа од КИЦ ,,Романса” од М.Каменица.

Пријавувањето за учество во драмската секција ќе се врши во просториите на КИЦ Романса во Македонска Каменица,секој ден од 09 до 15 часот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*