В недела (29.09.2024г.) се играат натпреварите од 3. коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток. По победата во Струмица кај Тиверија во првото коло и поразот кај Хоризонт Турново во второто есенски коло, домашната екипа на Брегалница 1926 Делчево в недела ќе се сретне со лидерот на табелата екипата на Слога од Виница.
Виничани на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” во Делчево доаѓаат по двете победи, првата над Малеш во Берово и втората убедлива над Тиверија во Виница.

Ждрепката сакаше во третото коло овие две екипи да се сретнат во Делчево што е најава за убав фудбалски натпревар кој претстои.
Правдата на натпреварот кој се игра до почеток од 14:00 часот му е доделена на Спире Арсов од Кочани кој се надеваме ќе биде на ниво на задачата, за во Делчево да гледаме возбудливо соседски дерби.

Овој викенд уште играат:
Карбинци – Хоризонт Турново,
Овче Поле – Дојранско Езеро
Малеш – Ударник
Тиверија – Светлост Зрновци.


Leave a Reply