Привршува изградбата на новиот резервоар за вода во делчевско Маџир Маало

Привршува изградбата на новиот резервоар за вода на местото викано Чука во делчевската населба Трети Реон. Увид во работите денес изврши градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изрази задоволство што конечно привршуваат работите на уште еден исклучително значаен и капитален проект за граѓаните. 

-Во рамките на проектот ,,Водоснабдување на Делчево” во завршна фаза е изградбата нов резервоар за вода на местото викано Чука во населбата Трети реон.Новиот резервоар за вода за пиење се гради на истото место од стариот резервоар со таа разлика што го зголемивме капацитетот на самиот резервоар од 300м3 на 800м3, истакна Трајковски. 

Со изградбата на новиот резервоар очекува да се намалат загубите на вода и подобра контрола на системот.

-Новиот резервоар за вода се гради со нови материјали и технологии со што ќе се влијае на квалитетот и ќе се минимизираат загубите на вода, а контролата ќе биде на СКАДА системот за автоматско управување и менаџирање, додаде Трајковски.

Активностите се дел од Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево, финансиран од Швајцарската Влада.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*