На Форум во Делчево ќе бидат презентирани резултатите од проектот ,,Направи разлика”

Во вторник, на 1 октомври 2024 година, во Делчево со почеток во 11:00 часот, Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип, во рамките на проектот „Направи разлика“, финансиски поддржан од УСАИД, организира во Мултифункционалниот центар (зграда на Општина Делчево) „Форум за млади“, на кој ќе се презентираат постигнатите резултати од првата година од реализација на проектот.

Форумот има за цел да опфати поголем број млади кои сакаат активно да се вклучат во креирањето на подобра иднина за сите и за нашите идни генерации. Фокусот е насочен кон создавање услови за ефективно учество во донесување и имплементирање на предлози и одлуки, решавање на тековни предизвици и проблеми, предлагање иницијативи и заедничка стратешка работа за успешно решавање и реализација.

Оваа активност е во рамки на Проектот на УСАИД Направи разлика која го спроведува Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип во партнерство со Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од УСАИД, со цел да го подобри развојот на средината предводен од заедницата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*