Бербата на сина слива во делчевскиот регион финишира, а годинава според она што можевме да го слушнеме од овоштарите сезоната заврши успешно.
Како што е ред по завршувањето на бербата сопствениците на поголеми насади организирааат заедничка веселба за сите кои придонеле годинава бербата да заврши успешно и навреме.
Ова особено се однесува за производителите од с.Град кои викендот зад нас, организираа ,,фешта” по повод завршувањето на сливоберот.

Во меѓувреме во полн ек е и производството на ракија. Најголем дел од родот заврши на продажба, додека дел од истиот останува за варење ракија и други потреби во домаќинствата.

Еден од производителите од с.Град кој деновиве ги користи сончевото време за производство на ракија е и производителот Спаско Спасев. Поради малите количини на насади со слива, тој сливата ја користи исклучиво за правење ракија. Го запрашавме како оди постапката за производство на овој пијалок кој е еден од најпознатите во овој регион наречен Пијанец.
-После 23 дена откако узрее сливата се става во казан, се залепува се става капак, потоа се обложува грненцето, се по ред и тука тече преку ,,лулето”. Овој казан е 90 литра излегува околу 13 кила ракија која ја прибирам кога ќе достигне јачина од 51 степен, вели Спасев.

Процедурата на варење ракија како што додава е стандардна и е во времетраење од пет до шест часа.
-Крблата треба да е ладна, нон стоп се полни со вода, потоа се става ,,опашината”, ,,џурата” што истече се враќа во казанот. Годинава имаше доста слива во село Град. Јас сум со најмалку производство околу 20 казани имам, а има луѓе имаат по 100 казани да сварат, покрај тоа и продадоа големи количини сливи, кој како си садел така има, додава Спасев.
Килограм сина слива годинава како што додава делчевскиот производител по потекло од с.Град, се движи од 15 до 16 денари за килограм или 9 денари со тоа што дел од останатите средства се покриени од државата, како премија за производителите.
Во продолжение изјавата на Спасев и дел од веселбата на делчевските производители на слива.

Leave a Reply