Нов асфалт добива улица ,,Мирче Ацев” во Берово, објави денеска градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски
Активноста како што информираше тој се реализира во рамки на Програмата за локални улици и патишта за 2024 година.
-Се асфалтира крак на улицата, со должина од 160 метри, со широчина 5, 5 метри. Оваа улица, се наоѓа во централно градско подрачје и со изградбата на истата, се овозможуваат услови за пристап до новопредвидени парцели за комерцијална дејност.

Реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на улици, во Општина Берово, се одвива согласно предвидената програма, а во насока на обезбедување подобра инфраструктура за сите граѓани, истакна Пекевски.

За реконструкција на ул.,,Мирче Ацев”, од Буџетот на Општина Берово, за 2024 година, ќе бидат исплатени 1.909.000,00 денари.


Leave a Reply