Работилница ,,Менталното здравје на работното место” во Делчево

Општинската организација на Црвен крст од Делчево денес организираше работилница на тема ,,Менталното здравје на работното место”. Активноста се реализираше во соработка со вработените во библиотеката ,,Илинден” и Општина Делчево. 

-Оваа година ја одбравме темата Менталното здравје на работното место во соработка со вработените во библиотеката и општината имаме работилница на оваа тема со Ирена Димитровска Ангеловска со цел да се  подигне свеста за Менталното здравје на работното место и во секојдневниот живот, информираше организациониот секретар на Црвен крст Делчево, Ивана Ангеловски.

Работилницата ја водеше м-р социолог Ирена Димитровска Ангеловска која рече дека акцент на настанот бил ставен на справувањето со несакани стресни ситуации на работното место.

-Особено обрнавме внимание на грижата за Менталното здравје со акцент на благосостојбата, со цел вработените да работат во едни поопуштени услови каде нема да се предизвикуваат одредени стресови и анксиозности. Тука некој кој е најбитен е работодавачот кој треба да помогне да се надмине и обезбеди благосостојба преку едни картички кои ги има подготвенио Црвениот крст, истакна Димитровска Ангеловска.

Во рамки на работилницата  акцент беше ставен и на одредени методи и техники за свесното надминување на проблемите на работното место 

-Целта беша да ги упатиме како да се чувствуваат посмирено при таква ситуација, како да ги редуцираат нивните емоции при време на работа. Тука би кажала дека нешто што е најважно е особено да се обрне внимание на тоа да не биде стигма и особено се обрне внимание ,,како сум јас дене”с и да му се пружи поддршка на секој еден вработен во одредена установа, додаде Димитровска Ангеловска.

Во рамки на одбележувањето на Светската недела на на Менталното здравје слична работилница беше одржана и со пензионерите од Делчево кои во просториите на Клубот на пензионери во Делчево имаа можност да добијат и бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*