Младата Софија Петровска продолжува со тениските победи во Гетеборг, Шведска. На последниот натпревар во Påvelund Tennis Club, Софија одигра три натпревари и забележа исто толку победи.
Софија чии родители потекнуваат од Делчево и Прилеп летово учествуваше и на првиот рекреативен турнир во тенис DELCEVO OPEN, а нејзиното присуство тогаш го искористивме за да направиме блиц интервју за нејзините почетоци.
Видеото подолу е од овонеделните натпревари кои Софија ги одигра во своја корист.

Leave a Reply