На 25 и 26 Октомври се одржа 39 издание на најпознатиот и најстар музички фестивал во Македонија – Макфест
На првата вечер свое учество зема младиот и талентиран Дамјан Стоименовски кој има 23 години и е од Македонска Каменица.
Со музика се занимава уште од најмала возраст. Има учествувано на голем број престижни музички натпревари од кои Студенско лето во БиХ, Waf awards и има добиено голем број на награди.

Покрај љубовта кон музиката младиот Дамјан е дипломиран правник и моментално е на мастер студии по казнено право.

Тој се претстави со песната ,,Исти сме”. Музиката и аранжманот се на Гоце Симоновски, а текстот на Ивана Карајановска.

Дамјан исто така имаше и одличен сценски перформанс.

Leave a Reply