Денеска, учениците – претседатели од IX одделение со поддршка на училишишниот психолог Латинка Мановска Новоселска, пред своите соученици реализираа презентација на тема „Стоп на насилството“ изработена од страна на психологот.
Учениците се запознаа со поимот, видовите насилство, некои карактеристики на учениците насилници и жртви на насилство, што да направат и што да не прават кога ќе видат дека некој насилно се однесува и тн. (Презентацијата е изготвена согласно Упатството за постапката за пријавување на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување)

Leave a Reply