Патриотките од Делчево во М-14 женската кошаркарска лига денес забележаа убедлива победа од 35:54 на гостувањето кај МЗТ во Скопје.
Како што кажа тренерот Љупчо Петровски девојчињата одиграа одличен натпревар, победата е нивна трета во низа, најавувајќи дека титулата е крајна цел во оваа конкуренција.
Вечерва како шлаг на тортата Делчевки во спортската сала Методи Митевски Брицо во М-18 ја совладаа исто така убедливо и екипата на Баскет Кам.



Leave a Reply