РК ,,Делчево” со убедлива победа над кадетките на РК ,,Гевгелија”

Победа на нашите ракометарки во третото коло од кадетската женска лига со резултат 44:29 (19:14) против екипата на ЖРК Гевгелија.

Одлична игра на сите ракометарки на РК Делчево кои денес покажаа како треба да се бранат боите на клубот.

Во листата на стрелци се запишаа сите ракометарки од првиот состав и тоа: Мелита Стоименова 19, Деана Величковска 11, Мелита Јовановска 5, Андреа Манова 4, Леонтина Вирчанска 3, Ива Велкова 2.

Голманите исто така како што се вели во објавата на клубот беа на висина на задачата, Антонија Гоцевски имаше 11 одбрани, додека 4 одбрани Софија Коларска.

Од клубот изразија голема благодарност до нашата сограѓанка Ивана Ампова која се погрижи за заслужениот ручек за ракометарките.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*