Изложба на ликовниот уметник Ивана Настевски утре во Делчево

Во фоајето на Спомен Дом „ АСНОМ“, Националната установа центар за култура „ Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево на 15.11.2024 година ( петок ) со почеток во 12 часот организира ликовна изложба на Ивана Настески од Тетово, Р.Македонија. Училиште за применета уметност завршила во Скопје 1999 година,. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје насока графика во 2004 година. Магистрирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје на оддел графика и графички техники во 2009 година.

Самостојни изложби: Тетово, Скопје, Охрид, Кавадарци, Прилеп, Белград (Р.Србија), Шабац (Р.Србија) и Дрезден ( Германија).

Групни изложби: Куманово, Кавадарци, Прилеп, Белград (Р.Србија), Нови Сад ( Р.Србија), Шабац (Р.Србија), Москва (Русија), Патра ( Грција), Мајами (Америка), Португалија, Кина, Швајцарија, Мексико, Шпанија, Тајван, Ново Место (Словенија), Полска како и учество на бројни меѓународни графички биенални и триенални изложби.

Повелете, се вели во објавата на програмскиот директор на НУЦК Н.Ј.Вапцаров.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*