Денот на љубезност ја покажа креативноста на најмалите од Делчево

На овој ден, Денот на љубезноста, имаме можност да размислиме за своите досегашни постапки и да сфатиме дека многу често ја занемаруваме моќта на допирот, насмевката, искрениот и љубезен збор, а сите тие имаат потенцијал да го променат животот.

ЈЛБ „Илинден“-Делчево, 13 ноември, денот на љубезноста го одбележа со дечињата од детската градинка „Весели цветови“, возрасни групи, 5- 6 години. Ги посетивме дечињата, не дочекаа подготвени со песнички, рецитација, колачиња и ѕидни весници. Многу убаво утро, многу позитивна енергија, среќа и радост!

Благодарност до сите дечиња, нивните воспитувачки и негователки и до директорката.Ги очекуваме сите во нашата библиотека.

Ние размислуваме премногу, а чувствуваме премалку. А денес, како што минува времето и светот од ден на ден се претвора во многу студено место за живеење, место каде што исчезна љубезноста сѐ повеќе ни треба хуманост отколку машинерии, повеќе ни треба љубезност и нежност отколку остроумие. Љубезноста е многу мал но моќен збор, кој во суштина има големо значење. Затоа на овој ден, за миг да заборавиме на грижите и да се насмевнеме, да упатиме некому топол љубезен збор, да го отвориме срцето и да бидеме причина за нечија насмевка, затоа што секој од нас поседува моќ да го направи светот поубаво место за живеење.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*